Вакцинацијата против ковид 19 во Хрватска од денеска ќе се спроведува и во патнички автобуси. Министерот за здравство Вили Берош и директорот на хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Чапак ќе бидат на промоција на новиот метод на вакцинација во Стари Градац и Отровенец.
Новите методи за вакцинирање преку патнички автобус во округот Вировитица-Подравина ќе се спроведат од 14 до 18 јуни, велат од Владата на Република Хрватска. Во понеделник, на 14 јуни, вакцинацијата ќе се изврши на шест места во округот: Стари Градац, Отрованец, Велика Шрешњевица, Турначица, Шпишиќ Буковица и Бужетина.
Ковид-автобусите, по претходно договорен редослед, ќе ги обиколат областите на окрузите и ќе останат одредено време на помали места, од кои некои немаат никакви здравствени установи во нивната област.