264
ЈСП информира дека денеска, на 31 декември, и понеделник, на први јануари, јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, при што на први јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.
Од вторник, 2 јануари, јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
На 31 декември и на први јануари, билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.
Од вторник, тие ќе продолжат со вообичаено работно време.
Жичарницата денеска, на 31 декември, ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а утре, на први јануари, од 11 до 17 часот.