Автобусите на ЈСП се паркирааа пред Влада

од Берта Китинска
184 прегледи

Неколку автобуси на ЈСП пристигнаа пред Владата и ја блокираа улицата, каде во моментов започнува протестот на вработените на јавниот градски превозник.

Денеска покрај проверките од полицијата по дојавата за бомба во некој од градските автобуси, вработените оред ЈСП го одржаа штрајкот и најавија дека доколку не добијат плата денес, ќе се појават пред гаражите во утре наутро во 4:30 часот со своите семејства ќе излезат на протест пред ЈСП и автобусите нема да сообраќаат.

„На денешната средба со трите репрезентативни синдикати се договоривме да настапуваме вака: Денеска влегуваме во Советот на Град Скопје на вонредната седница закажана за 14 часот, но тоа е премногу доцна за да некој одлучи дали ние ќе добие денеска плата. Ако денеска не добиеме плата утре во 4:30 сме тука заедно со нашите семејства. Тоа значи дека автобусите нема да излезат“,
рече Миќо Стојановски од Синдикатот на работниците од сообраќај и врски.

Слични содржини