ЈСП Скопје информира дека јавниот превоз утре ќе функционира по неделен возен ред.
„Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров. Изменетиот посочен режим е поради верскиот празник Богојалвение (Водици)“, соопштуваат од ЈСП Скопје.