Автобусите на ЈСП на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување, велат од Град Скопје

од Nikola Popovski
807 прегледи

Град Скопје преку соопштение информира дека автобусите на ЈСП Скопје редовно сообраќаат на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 и го повика приватниот превозник „Слобода Превоз“ да ги извршува своите договорни обврски.

-Апелираме до граѓаните да не веруваат на лажните вести и манипулациите кои во јавноста ги пласираат разни политички групации. Автобуси на ЈСП Скопје на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување. Приватниот превозник „Слобода Превоз“ има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес, стои во соопштението од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се почестите поплаки на граѓаните за квалитетот на превозот од страна на приватните превозници.

Од вчера беше најавено дека приватниот превозник „Слобода превоз“ нема да вози бидејќи Град Скопје и ЈСП „Скопје“ не им плаќаат и им должат околу еден милион евра.

Од приватниот превозник велат дека со месеци не им се исплаќаат пари и не се почитува динамиката договорена на последниот состанок.

Слични содржини