Автобусите в понеделник ќе сообраќа по неделен возен ред

од Берта Китинска
113 прегледи

Поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, ќе работат три билетарници, а Жичарницата ќе функционира вообичаено.

Дежурни од 7 до 13.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17 – 17.30 часот е последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот е последно возење од горе надоле.

Слични содржини