ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека за време на одржување на Министерскиот самит на ОБСЕ, во среда (29.11.2023 год), јавниот превоз ќе сообраќа вообичаено, по зимен делничен возен ред, додека во четврток (30.11.2023 год), автобусите ќе возат по саботен возен ред.
Во среда сите билетарници и центри за персонализација ќе работат од 6.30 до 13 часот, а во четврток нема да работат.
Жичарницата на Водно и во среда и во четврток ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.