Автобуските БРТ постојки во Скопје ќе имаат  кровно зеленило, машини за продажба на карти…(ВИДЕО)

од Берта Китинска
357 прегледи

БРТ системот не само што претставува современ сообраќаен систем кој на повеќе нивоа има позитивен ефект врз животната средина, истовремено е еден од најпрактичните еколошки алтернативи за јавен транспорт кој ќе придонесе за непречено и навремено движење на патниците, напиша градоначалинкот на Град Скопје, Петре Шилегов.

-Самите автобуски БРТ постојки ќе бидат направени по сите европски и светски стандарди со вклучено внатрешно – кровно зеленило, автоматизирани врати за влез во постојката, влез дозволен само за патниците, инкорпорирани трафики во објектот, клупи, информативни табли, банкомати, машини за продажба на карти итн., се со цел на скопјани да им се обезбеди јавен транспорт каков што заслужуваат, објави Шилегов.