Автобусот во кој загинаа 45 македонски граѓани е во сопственост на фирма регистрирана во село Рашче

од Vladimir Zorba
559 прегледи

Автобусот во кој загинаа 45 лица на автопатот Струма е сопственост на „Беса Транс“, регистрирана во селото Рашче, општина Сарај.

Во автобусот патувале вкупно 52 лица од С. Македонија, кои влегле од Турција. Меѓу загинатите има и деца. Луѓето биле на патување во Истанбул.

Автобусот синоќа нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин Капитан Андреево. Инцидентот се случил околу 3.00 часот на автопатот во правец Софија – Благоевград. 7 лица преживеале и се сместени во болницата „Пирогов“ – шест се со изгореници, а еден пациент со повреда на ногата.

По преглед и проценка на нивната состојба, тие се сместени на следење во Одделот за изгореници Пирогов.

Постојат две верзии за несреќата: човечка грешка на возачот, а втората имало ненадеен технички дефект.

Слични содржини