227
Во гостиварската полиција во поладневните часови на 13 јуни било пријавено дека во Гостивар на улицата 101, автомобил „мерцедес“, кој го возел 50-годишен гостиварец, удрил во 10-годишно дете на велосипед.
Во незгодата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Екипа од Полициската станица Гостивар извршила увид на местото на незгодата.