69
Се запалил автомобил во движење, информираат од Охридската полиција.
На 08.07.2024 година во 13.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, додека се движело на кружната крстосница на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, управувано од А.Р.(31) од Тетово.
-Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, појаснуваат од полицијата.