Автомобилите на Пол Вокер дадени на хуманитарна аукција

од desk4

Колекција од 21 автомобили која ја поседуваше прерано починатиот актер Пол Вокер, ќе биде продадена на 49та Барет-Џексон аукција во Скотдејл, за хуманитарни цели.

Познат по улогата на Брајан О’Конер во „Брзи и бесни“, Вокер беше голем вљубеник во брзите и спортски автомобили. Тој за жал така и го заврши својот живот, во сообраќајка со „порше карера“ во 2013 година.
На аукцијата ќе се продаваат и пет ретки примероци од БМВ, специјално направени за американскиот пазар.

Од аукциската куќа Берет-Џексон велат дека тоа ќе биде прва толку голема аукција, а тие се чувствуваат почестено што биле избрани за да ја организираат.
– Влијанието на Пол не само како актер, туку и како филантроп беше огромно. Ние сме почестени што можеме да помогнеме на овој начин да го продолжиме неговото дело – изјави Крег Џексон, главниот директор на аукциската куќа и додаде дека собраните пари од аукцијата ќе бидат насочени во хуманитарни цели.
Аукцијата е закажана за јануари следната година.

Слични содржини