Автономните возила на Volkswagen ќе возат низ Минхен

од Vladimir Zorba

Само седум дена откако Volkswagen ги објави тестовите за ID. Buzz AD во Остин, Тексас, компанијата најави проширување на програмата од другата страна на Атлантикот.

За неколку недели ќе започнат првите пробни возења на јавните патишта. Патничките места ќе ги пополнат владини претставници, новинари и локални власти, за да ја почуствуваат автономната иднина. ID. Buzz AD (Autonomous Driving) ќе вози сам, но зад воланот ќе има човек кој ќе го надгледува системот и ќе се погрижи се да оди според планот.

Електричните комбиња имаат иста црна и жолта боја како оние тестирани во САД. Имаат и кабина за четири лица и се опремени со системот Mobileye за самостојно возење. Дополнителна опрема во споредба со стандардните модели ID.Buzz вклучува покривни камери, радар и лидар, што е доволно за да се постигне автономија на ниво 4.

Развојот на тестовите има за цел да собере што е можно повеќе податоци од различни сценарија за возење во урбана средина. Целта е да се прошири возниот парк за комерцијална употреба во повеќе европски и северноамерикански градови.

Слични содржини