Најавен Rezvani Arsenal

од Vladimir Zorba

Rezvani Motors со неколку затемнети слики најавуваат дека за неколку недели ќе го претстават новиот модел Arsenal.

Сè уште нема многу детали, но компанијата ветува дека тоа ќе биде „најнапредното оклопно луксузно возило на располагање“.

Rezvani вели дека Arsenal ќе биде опремен со „најнапредната оклопна технологија во моментов достапна на пазарот“. Наместо традиционалниот балистички челик, Arsenal ќе користи „иновативен композитен материјал“ кој е лесен и обезбедува B6 заштита. Ова значи дека моделот треба да може да обезбеди заштита од пиштоли и пушки.

Во изјавата, Ферис Резвани рече: „Ова не е обичен автомобил, тој е возбудлива комбинација на луксуз, безбедност и иновативен дизајн. Вашето секојдневно патување ќе стане многу поинтересно!“

Компанијата вели дека возилото ќе има дизајн кој е „елегантен и поанонимен“ од нивните други возила.

Исто така, новиот SUV нуди седишта за седум патници, како и традиционални луксузни карактеристики.

Арсенал ќе биде придвижуван од V8 мотор со моќност од 313 kW/426 КС, што сугерира дека е базиран на Cadillac Escalade, Chevrolet Tahoe или GMC Yukon откако сите три го нудат истиот 6,2 литарски V8. Rezvani ги потврди и плановите за посилна варијанта со 503 kW/684 КС.

Цената ќе започне од 225.000 долари, а споменатиот оклоп ќе биде опционален. Компанијата моментално прифаќа нарачки, а испораките треба да започнат ова лето.

Слични содржини