Автопатот Струма отворен за сообраќај – автобусот кој изгоре транспортиран кон Перник

од Берта Китинска
368 прегледи

Автопатот Струма во правец кон Софија повторно е отворен за сообраќај.

Затворена останува само коловозната лента во реонот каде се случи несреќата на автобусот со македонски патници Благоевград – Кулата.

Сообраќајот во оваа насока се одвива преку трасата клучка Даскалово- Перник- Радомир –Долна Дикања.

Автобусот, кој што вчера изутрината изгоре при што загинаа 45 патници, а седум беа повредени, беше отстранет доцна синоќа и транспортиран кон Перник.

По трагедијата во Бугарија, каде загинаа 45 патници од Северна Македонија, се анализираат причините за сообраќајната несреќа и пожарот којшто го зафатил автобусот на агенцијата „Беса транс“.

Првичните сознанија укажуваат дека возачот во еден момент изгубил контрола на патот, удрил во заштитната ограда, се слушнала експлозија, по што возилото изгорело најверојатно за 2-3 минути.

Седуммина патници успеале да го скршат задното стакло на автобусот и да се спасат. Несреќата се случи на автопатот Струма, кога патниците се враќале дома по неколкудневна прошетка во Истанбул.

Слични содржини