Азар ги откри причините за пензионирањето: Дома секогаш имав многу алкохол и храна која не е погодна за фудбалери

од Nikola Popovski
262 прегледи

Поранешниот белгиски репрезентативец Еден Азар минатото лето го раскина договорот со Реал Мадрид во кој пристигна од Челзи за 120 милиони евра.

Сепак, преселбата во „кралскиот клуб“ беше тотален неуспех за Азар.

Никогаш не успеа да ги оправда очекувањата на Реал и огромните милиони кои Флорентино Перез ги вложи за неговото доаѓање.

Кариерата ја заврши на само 32 години бидејќи се помири со фактот дека начинот на живот што го води не му помага да опстане во професионалниот фудбал.

„Не внимавав што јадам и како јадам… Не можете така да живеете 16 години, да не внимавате на исхраната и да очекувате да бидете на врвно ниво. Но, во тоа време мислев дека тоа не е важно. Јас сум хедонист, сакам да јадам и да пијам со друштво. Диетата е обично просечна и не ми успеваше. Ако сакате да играте до 40 години, мора да се откажете од многу други работи, а животот е краток. Знаев дека не сум од оние кои се жртвуваат и знаев дека пред време ќе заминам во пензија. Дома секогаш имав шампањ, алкохол и многу храна која всушност не беше соодветна за фудбалери. Но, таков сум и не се срамам од тоа“, изјавил Азар за „L’Equip“.

Слични содржини