Азар го пропушта „Ел Класико“

од Aleksandar Petrovski
225 прегледи

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар ќе го пропушти претстојното „Ел Класико“ против Барселона заради повреда, соопшти кралскиот клуб.

Како што е наведено, Азар е надвор од тимот заради повреда на глуждот која ја доживеа во натпреварот од Лигата на шампиони против ПСЖ на 26 ноември.

Лекарските прегледи покажале дека неговата повреда на десната нога е посериозна отколку што се претпоставувало.

Белгиецот така ќе го пропушти своето прво „Ел Класико“, кое е закажано за 18 декември на Камп Ноу.
Азар во Реал пристигна ова лето од редовите на Челзи во трансфер вреден 100 милиони евра.

Слични содржини