Азар исвиркан од публиката на хуманитарен натпревар

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Белгиската ѕвезда Еден Азар, кој ја прекина својата фудбалска кариера во 2023 година, беше исвиркан од публиката за време на хуманитарен натпревар во Ленс, објави Радио Монте Карло.

Поранешниот идол на Челси беше исвиркуван секогаш кога ќе ја допреше топката од навивачите кои очигледно не заборавија дека тој е фудбалер на регионалниот ривал Лил.

Белгиецот играше во тимот на „Легенди“ кој загуби од Ленс со 5:6, но постигна гол и имаше асистенција.

Во тимот на Еден Азар беа и легендите Дидие Дешамп, Ерик Ди Меко, Базиле Боли, Барнард Касони, Карлос Мозер и Енцо Франческоли, кои играа за Олимпик Марсеј.

Приходите од средбата беа за здружението „Една насмевка, една надеж за живот“.

Слични содржини