Ѕвездата на Челзи, Еден Азар е на мислење дека тимот има намера да игра поофанзивно против Барселона во реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите. Белгискиот репрезентативец е убеден дека тој и неговите соиграчи можат да се надигруваат со каталонците.
„Сега нема да размислуваме за дефанзивен стил во реваншот. Ќе биде многу опасно ако мислиме да се браниме. Ние одиме таму да се потрудиме да победиме. Ние мора да постигнеме гол и да се обидеме да покажеме идеална игра како онаа дома, со исклучок на онаа мала грешка пред нашиот гол. Оваа грешка ја направи разликата бидејќи Барселона не простува такво нешто“, вели Белгиецот.
„Можеби против другите екипи ќе бевме посреќни и немаше да примиме гол. Игравме добро. Нашиот план предвидуваше добра игра во одбрана. Можеби би можеле да создадеме повеќе, ако ја имавме топката повеќе во нашите нозе. Но сепак ништо не е решено. Сè уште можеме да сонуваме. Наш пласман за следниот круг е сосема можен“, додаде Азар.
Потсетуваме дека во вторникот вечер каталонците постигнаа реми 1:1 на „Стемфорд Бриџ“ и сега, благодарение на голот на гостински терен, може да се смета дека Шпанците се уверен фаворит во судирот. Со цел да се квалификуваат „сините“ од Лондон, неопходно е да постигнат гол на „Камп Ноу“.