Азар се враќа во Англија, Њукасл подготвил понуда

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Поранешниот најдобар играч во Премиерлигата, Еден Азар е најголемата желба на Њукасл за летниот преоден рок, пренесуваат британските медиуми.

Како што се наведува, новите богати сопственици на Њукасл нема да жалат пари и да го доведат Белгиецот од Реал, кој остави длабока трага на Островот носејќи го дресот на Челси.

Азар пред три години пристигна во Реал за 100 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и ќе остане запишан како еден од најголемите неуспеси во историјата.

Со Челси освои две Премиерлиги и два трофеи во Лига Европа.

Слични содржини