Според договорот, потпишан денеска во Романија, Азербејџан ќе ја снабдува Европската унија (ЕУ) со електрична енергија преку нов кабел под Црното Море.
-Решивме да им свртиме грб на руските фосилни горива и да се свртиме кон нашите сигурни енергетски партнери“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Букурешт.
Финансиската и техничката рамка на договорот не беше прецизирана во соопштението за печатот на романскиот претседател Клаус Јоханис објавено по средбите со потписниците.
Почетокот на изградбата е предвиден за септември 2023 година, а пуштањето во употреба е најрано за 2029 година.
Кабелот долг 1.195 километри ќе го поврзува Азербејџан со Унгарија преку Грузија и Романија.
-Кабелот ќе овозможи транспорт на електрична енергија „до нашите соседи како Молдавија и Украина и ќе придонесе за модернизација на украинскиот енергетски систем“, изјави претседателот на Европската комисија.