Азербејџан го стопира снабдувањето со гас за Србија поради виша сила: Вучиќ уверува дека нема да има недостиг

од Илинка Илиоска
25 прегледи

Азербејџан од денеска веќе не и испорачува гас на Србија, потврди српскиот претседател Александар Вучиќ. Станува збор за околу 1,7 милиони кубни метри гас кој дневно беше испорачуван на Србија.

„Добив известување од нашите браќа и пријатели од Азербејџан дека поради виша сила и проблемите што ги имаат, од денеска повеќе не можеме да сметаме на 1,7 милиони кубни метри гас што доаѓаа во нашата земја“, рече Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со американскиот заменик-државен секретар за управување и ресурси Ричард Верма.

Вучиќ уверува дека нема да има недостиг на гас и други горива во Србија.

Одлуката на Азербејџан доаѓа еден ден откако Соединетите држави воведоа санкции за нафтената индустрија на Србија, со барање Русија да се повлече од сопственоста на компанија „НИС“.

Висок претставник на американскиот Стејт департмент денеска изјави дека Србија нема да има никакви економски последици ако ја отстрани Русија од сопственичката енергетска структура на компанијата.

Во нафтена индустрија на Србрија, руските компании имаат повеќе од 56 отсто од акциите, а државата 29,87 отсто.

Слични содржини