Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев објави дека патничкиот авион што се урна во близина на казахстанскиот град Актау бил тешко оштетен од истрели од земја и дека изгубил контрола.
Алиев исоопштил дека патничкиот авион кој се урна во Казахстан, при што загинаа 38 лица, бил оштетен со проектил од земја во близина на Грозни, Русија, јави државната телевизија на Азербејџан.
Алиев рекол дека жали што „одредени кругови“ во Русија се обиделе да ја прикријат вистината за соборувањето на азербејџанскиот авион.
„Факт е дека азербејџанскиот авион претрпе надворешно оштетување на руска територија, во близина на градот Грозни, и практично изгуби контрола“, истакнал Алиев.
Рускиот претседател Владимир Путин во саботата му се извини на Алиев за, како што рече Кремљ, „трагичен инцидент“.
Руската воздушна одбрана наводно испалила истрели во моментот кога азербејџанскиот авион кружел над Грозни во обид да приземји украинско беспилотно летало.
Патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“, со 62 патници и пет членови на екипажот, кој се движел од Баку кон Грозни, се урна во близина на градот Актау.
Најмалку 38 од 67 лица во авион на Азербејџан ерлајнс загинаа во несреќа во средата во близина на казахстанскиот град Актау, потврдија казахстанските власти, меѓу кои и двајца пилоти и една стјуардеса.