Азербејџанските власти и етничките Ерменци од Нагорно-Карабах наскоро повторно на средба за финалните преговори

од Radmila Tasevska
253 прегледи

Азербејџанските власти и етничките Ерменци од Нагорно-Карабах се согласија наскоро повторно да се сретнат по разговорите во Јевлах, соопшти денеска кабинетот на претседателот на Азербејџан.

Делегацијата на официјален Баку на Ерменците им ги претстави плановите за нивна реинтеграција, се додава во соопштението.

Претходно ерменската страна соопшти дека финалниот договор се уште не е постигнат бидејќи се уште има нерешени прашања и дека разговорите ќе продолжат.

Вчера беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу азербејџанските вооружени сили и ерменските војници во отцепениот регион Нагорно-Карабах, населен главно со Ерменци.

Договорот е постигнат со посредство на рускиот мировен контингент, откако официјален Баку започна „антитерористичка операција“ во Нагорно-Карабах за враќање на уставниот поредок во областа под контрола на ерменските сепаратисти.

Слични содржини