Азески бара УЈП да објави бела листа за да се види кој редовно ги плаќа давачките

од Nikola Popovski
410 прегледи

Време е после 30 години државата да направи пресек и да ја стави економската активност како врвен приоритет. Само така може да очекуваме и економски развој и подем, истакна претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, на прес конференцијата на која беа презентирани наодите од анализата за сивата економија.

Азески констатираше дека за бизнис заедницата решавањето на проблемот со сивата економија е едно од круцијалните прашања.

Како Комора која ги преставува компаниите кои придонесуваат со половина од вкупниот приход создаден во приватниот сектор, близу 50% од нето добивката во приватниот сектор ја генерираат компаниите членки на Комората и фактот дека секој трет вработен во приватниот сектор работи во фирма членка на СКСМ, не обврзува како бизнис асоцијација во кој правец да се движиме и дек сивата економија ќе биде едно од клучните прашања за кои ќе иницираме активности во периодот што следи, вели Азески.

Посочи и дека нема инвестициска активност во држава со висок процент на сива економија.

-Ние се наоѓаме во зачаран круг веќе три децении и затоа како бизнис праќаме апел, покрај црна листа која ја објавува Управата за јавни приходи за деловни субјекти кои не ги плаќаат редовно давачките да постои и бела листа, за да се види кои се субјектите кои се однесуваат одговорно во државата. Тоа е значајно прашање за да се види реалноста. Белата листа ќе покаже кој умее да се носи со проблемите и во вакви услови да го полни државниот Буџет и да овозможи функционирање на државата. Апелот како бизнис заедница бараме да се изнесе и таква листа, за тоа кој е најодговорен што доаѓа од реалниот сектор, за да покаже како пример дека треба да се следи, кажа првиот човек на Стопанската комора.

Слични содржини