Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески смета дека дијалогот е излез за проблемот со високите цени на производите во супермаркетите и проблемот меѓу производителите и продавачите. Тој смета дека секаков потрес меѓу нив ќе се одрази врз стандардот на граѓаните и дека доколку тоа се случи, бојкотот ќе стане секојдневие.
-Потребен е сериозен разговор кој ќе дојде до решение. Ќе се однесуваме најодговорно и заедно со Владата ќе бараме решение. Има реална основа овде да се реагира. Ќе поддржам се што има реална основа да се реагира, но ќе инсистирам како претседател на Комората да се најде решение низ дијалот. Македонија е многу поделено општество и нови поделби не ни се потребни. Потребен е дијалот за да се решат старите, кажа Азески на средбата со премиерот Христијан Мицкоски.