359
Претседателот на Стопанската комора на Македонија (СКМ), Бранко Азески на денешната средба со членките на комората посветена на актуелните прашања важни за стопанствениците, на која присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи и на министерот за финансии Фатмир Бесими, на прашање од новинари да ја прокоментира ситуацијата со вакцините во земјава, изјави дека да зависело од СКМ, тие досега ќе биле во земјата.
„Да беше Стопанската комора задолжена да ги донесе вакцините, тие ќе беа донесени“, одговори Азески.
На костатцијата на министерот Бесими дека Буџетот е во стабилна кондиција и дека економијата се враќа во нормала, Азески праша ако е таква ситуацијата, „зошто е потребно да се одложува исплатата на дивидендите“?
На Азески му одговори вицепремиерот Битиќи, кој рече дека во случајот Нардоната банка најсоодветно може да одговори зошто нивната проценка во овој момент е банките да не делат дивиденди.