Азески со критика до функционерите: Службените возила во сабота и недела ви се наоѓаат по нивите и по швалерај

од Nikola Popovski
767 прегледи

Пред голем број претставници од бизнис секторот, науката и институциите, првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески денеска порача дека треба да се склучи договор со државата за да се регулираат односите меѓу неа и приватниот сектор. Тој исто така апелира да се воведат посебни таблици за службените возила, упатувајќи критики до функционерите.

-Службените возила во сабота и недела ви се наоѓаат по нивите, по швалераји не знам каде за недозволени активности. Ќе заштедите и тие пари ќе ги дадете за извоз. Пари ќе се заштедат и со укинување на сите управни одбори во државните претпријатија, државни органи, заводи, институции, агенции кои во моментов се 1 320 институции со 129 000 врабтени, наместо политика да се направи економска дипломатија. Имам порака и до европските лидери кои ни наметнуваат решенија. Тие во пракса многу пати направија преседан на малите земји. Ние во нив гледаме надеж, но и преседани кои беа направени на штеа на малите земји во интрес на големите. Затоа, треба јасно да им порачаме, ако ни помагаат да ни помагаат, а не да не понижуваат, рече Азески во своето обраќање.

Очекува како бизнисмени, еднаш во три или шест месеци да им се каже визијата на државата за да го следат тој процес.

-Мора секој со својата одговорност и габарит да ги постави работите. Мене ме интересира дали јас вам ќе можам да ви кажам дека можете слободно да ги продолжите бизнисите и инвестициите со Бугарија зашто тоа ќе го направиме и покрај политичките процеси. Бараме таква личност, не да се зборува за локалните проблеми, за тоа нека зборуваат општините. Исто така, популизмот во економските политики, се е врзано со изборите кои најчесто се предвремени, а кампањите траат континуирано. Ние сме од 2006 континуирано во кампања, немаме одржано редовни избори. Се ова го дрма системот во основа и мора да го надминеме ако сакаме раст на извозот како краен производ кој ќе ни овозможи повисок стандард и вклучување во евроинтеграциите, нагласи претседателот на Комората.

Слични содржини