Азески: Со ребалансот на Буџетот ќе се задржат работните места

од Nikola Popovski
298 прегледи

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески потврди дека е тешка економската состојба во земјава.

-Во ваква ситуација, не знам кој би можел нешто друго да изведе. Нашите податоци стигаат побрзо. Спремни сме. Се наоѓаме во кризна ситуација веќе неколку месеци. Мобилизирани сме и можеме да помогнеме. Ја повикуваме Владата и сите институции максимално одговорно да се однесуваат и да помогнат на компаниите, затоа што тоа е потребно во наредниот период. Тоа ќе се изведе на начин ако сите се движиме кон приоритетите, рече Азески одговорајќи на прашање по средбата со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

За Азески, носењето на ребаланс на Буџетот е само прилагодување на ситуацијата.

-Не гледаме ништо освен намалување на некои непродуктивни трошоци, задржување на економската активност и задржување на работните места. Нѐ очекува тежок период, навремено ќе ѝ укажуваме на владата, додаде Азески.

Според него, стопанстовото покажа дека може да се носи со вакви предизвици.

Слични содржини