Азески: Спојувањето на енергетската финансиската и здравствената криза неминовно бара една и единствена државна агенда

од Vladimir Zorba
291 прегледи

„Во овие 11 месеци издадовме стотици соопштенија, напишавме 10-тици колумни, одржавме уште толку средби и разговори со Владата и денеска се наоѓаме пред неделата во која мораме да ги знаеме позициите од кои зависат понатамошните одлуки. Значи неделата „Д“ е пред нас, ние сме спремни за разговори со потребното ниво на мобилизација и аргументи но и оценки за моменталната реалност кои што се над најпесимистичките прогнози (512 евра за мегават час, цена на HUPEX берзата на 20.8.2022 година)“, пишува во колумна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија.

„Прво, прашањето за граѓанството и бизнисот. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика 594.243 лица се вработени во приватниот сектор, што значи тоа не се граѓани на другата страна од бизнисот туку се граѓани кои својата егзистенција ја обезбедуваат во бизнисот. На тој број треба да се додадат вработени кои засноваат работен однос преку Агенциите за времени вработувања или кои работат во АД со мешовита сопственост со што тој број е многу поголем и не може да се спротивставуваат едните на другите. Тоа се истите луѓе.

Второ, сите наши укажувања во изминатите години беа во правец на тезата дека бизнисот е основата на која почиваат сите други работи во државата и плус тоа, тоа е единственото врзно ткиво во сите поделби кај нас и во регионот. Не знам дали е ова доволно јасно, но не би се осмелил да го проверувам затоа што реалноста може да биде многу сурова и да нема враќање назад.

Трето, нам ни треба во овој момент самодоверба затоа што оваа битка може да ја добијат само луѓе што ја сакаат татковината, што имаат срце и многу знаење, а ако такви немаме треба да си „купиме“ од странство затоа што за жал светот така функционира.

Четврто, после решавањето или поточно обидот за решавање на трите клучни наметнати прашања од страна (името, јазикот, црквата), што не чинеа 30 години стагнација ние имаме една опција, да ги засукаме ракавите, да се обединиме и да работиме. Тој пат или таа опција Комората јасно ја изрази во Декларацијата по повод 100 годишнината од своето постоење која масовно се поддржува од сите субјекти во државата“, пишува тој.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини