Азески за „Отоврен Балкан“: 30 години ни беа потребни, нека се отворат границите за бизнисмените

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, заедно со Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), каде што се анализираше вчерашната расправа на „Open Balkan“ форумот синоќа гостуваа на телевизијата „Еуроњуз Србија“.

„Ние со 18,5 милиони жители, шест земји од Западен Балкан, пред почетокот на пандемијата имавме 111 милијарди БДП. Чешка со 10,7 милиони жители има 215 милијарди. Што сакаме повеќе како причина да почнеме да се приближуваме и да почнеме нешто конкретно да работиме? 30 години ни беа потребни. Нека се отворат границите за бизнисмените, овде се работи за бизнис, не за политика“, рече Азески.

Во заклучните согледувања, како да се соочиме со отпорот за реализација на оваа иницијатива, Азески истакна дека, како што во градежништвото постојат три важни работи: локација, локација и локација, така во овој процес постои потреба од имплементација, имплементација и имплементација. „Макар и на две или три битни прашања“.

Берлинскиот процес, „Отворен Балкан“ и евроинтеграциските процеси на сите земји кои се дел од овие иницијативи се комплементарни, а не спротивставени процеси и претставуваат чекор напред кон придобивките од регионалното економско поврзуваање, како клучен приоритет, беше заклучено на Форумот, се вели во соопштението од Стопанската комора.

Слични содржини