Азир Алиу кандидат за нов министер за здравство во Владава на ВРЕДИ

од desk4
70 прегледи

Испразнетото министерско место во Министерството за здравство најверојатно ќе го пополни кадар од Алијанса за Албанците (АА) која остана во коалицијата ВРЕДИ. Неофицијални информации од ТВ21 велат дека Азир Алиу е кандидат за министер.

Алиу вели дека сè уште нема официјална потврда и не сака да ја дефокусираме јавноста, но потврда ќе има во следните денови. Тој е еден од оние што не го следеа Арбен Таравари при напуштањето на Владата, со образложение дека повлекувањето ќе отвори простор за враќање на старите структури на ДУИ. Од друга страна, пратеникот на АА, Салим Сулејмани, поднесе оставка поради незадоволство од приближувањето кон ДУИ, кое го смета за кршење на принципите на партијата.

Неговото место ќе го пополни Валбона Адили Емини од Движењето Беса, што го доведува АА во ризик да не формира пратеничка група, бидејќи остануваат само четворица пратеници, еден помалку од потребните пет. Политичките тензии во АА и коалицијата ВРЕДИ продолжуваат да се продлабочуваат.