63
Коалицијата „Вреди“ го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство, а Арбен Фетаи ќе продолжи да ја извршува функцијата заменик-претседател на Владата за добро владеење. Ова го соопшти првиот вицепремиер Изет Меџити по денешниот состанок на коалицијата.
„Арбен Фетаи останува на својата функција, а за министер за здравство ќе го предложиме Азир Алиу. За останатите позиции ќе одлучуваме во наредните денови“, рече Меџити.
По заминувањето на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари од коалицијата, дел од неговите сопартијци, меѓу кои и Фетаи и Алиу, останаа лојални на „Вреди“.