Азири: Незадоволството на Албанците се главна причина за потезите на Таравари

од Љубиша Владимиров
45 прегледи

Елми Азири, пратеник и потпретседател на Алијанса за Албанците за магазинот „Трилинг“, ја коментираше ситуацијата со Таравари и ВЛЕН. Според него, високото незадоволство на граѓаните, особено меѓу Албанците, е главната причина за неговите потези. Азири смета дека Таравари го напуштил ВЛЕН поради неисполнетите ветувања и неефикасноста на владата, која не ги реализирала програмските цели.

Тој истакнува дека повеќе од 80% од Албанците се незадоволни од актуелната власт, а објаснува и дека некои од главните столбови на Охридскиот рамковен договор, како Закон за јазици, застапеност на немнозински заедници и фискална децентрализација, се запоставени. Азири нагласува дека неисполнетите ветувања на ВЛЕН се причината за недоволната доверба.

За можноста за обединување на Таравари и Села, Азири вели дека и двајцата биле блиски пријатели и соработници и теоретски е можно да се вратат во Алијанса за Албанците. Тој додава дека обединувањето е хумана работа и тие се за тоа.

Слични содржини