Азири: Зошто на Таварави му била поважна поддршката од Касами, Гаши и Меџити од нашата понуда?

од Nikola Popovski
366 прегледи

Потпретседателот на Алијанса за Албанците и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, Елми Азири во утринската програма на Слободен печат рече дека Зијадин Села и Кренар Лога го прашале Арбен Таравари дали планира да се кандидира за претседател на државата, за партијата да се подготви за изборите, но тоа било категорично отфрлено од страна на актуелниот градоначалник на Гостивар.

„Можеби Таравари не сакал наша поддршка. Бидејќи според зборовите на Села и Лога, зборувале за оваа работа како генерален секретар и претседател на собранието, а тој отфрлил. Зошто биле побитни понудите од Касами, Гаши и Меџити од нашата понуда не знам“, рече Азири.

Според него е чудно што Таравари своите ставови наместо пред партиските органи, одлучил да го споделува со останатите, конкурентски партии и со јавноста.

„Последните два месеца ние сме имале само една средба на централното претседателство, на крајот на декември, заедно со партискиот коктел. Во меѓувреме, Таравари имаше можеби секојдневни средби со Меџити, Гаши, Касами, со Али Ахмети и други чинители, но за жал немаше средби со нас. Ова беше малку чудна работа“, кажа Азири.

Слични содржини