Пратеникот и член на ВЛЕН, Аднан Азизи, остро реагираше на, како што вели, контрадикторниот став на пратениците од коалицијата Европски фронт во врска со гласањето за Резолуција за хуманитарна помош за Газа, која вчера беше одбиена во Парламентот.
Во објава на социјалните мрежи, Азизи нагласи дека од 21 пратеник колку што што брои Европскиот пратеник, само петмина гласале за резолуцијата, иако, како што вели, тоа била нивна иницијатива. Тој ја опиша оваа акција како сериозна манипулација со чувствата на граѓаните и хуманитарната криза.
„Иако тоа беше нивна иницијатива, тие самите не ја гласаа. Колку злобни, колку бездушни, колку лишени од човечки чувства се покажуваат!“, пишува Азизи, обвинувајќи го ЕФ дека се обидува политички да профитира од геноцидите и страдањата на палестинското население.
Азизи, исто така, објасни дека процедурите за усвојување на резолуција во Парламентот бараат претходен договор и координација меѓу сите партии, што според него не е почитувано од страна на албанската опозиција.
„Доколку иницијативата беше искрена и имаше намера да биде одобрена, таа ќе поминеше низ соодветните институционални и процедурални канали“, нагласува тој.
Азизи го истакна, како што тврди, непоколебливиот став на ВЛЕН бидејќи вели останале во салата и гласале.
Мнозинството пратеници не дадоа поддршка за предлог-резолуцијата за хуманитарната ситуација во појасот Газа. Поддршка дадоа само 16 пратеници, меѓу нив и 6 пратеници на Левица. Резoлуцијата беше предложена од пратениците Скендер Реџепи, Арбана Пашоли, Рина Ајдари, Муса Џафери, Дијана Тоска, Илире Даути и Сали Мурати.
Од почетокот на блокадата на 2 март 2025 година, само ограничен број на помошни камиони успеале да влезат во појасот Газа под строги ограничувања, што е драстично помалку од потребното ниво наведено од Обединетите нации.
СЗО соопштува дека во првите шест месеци на 2025 година најмалку 5.100 деца биле хоспитализирани поради акутна неухранетост, од кои околу 800 биле во сериозна состојба на емакцијација. Нивните истражувања покажуваат дека скоро 10% од проверените лица, и до 20% од бремените жени, покажуваат знаци на тешка или умерена неухранетост.