Азизи: ДУИ ја злоупотребува каузата на ОВК за политички причини

Пратеникот од редовите на владеачката ВЛЕН вели дека го поддржува протестот за поддршка на екс-лидерите на ОВК кој треба да се одржи во петок на плоштадот „Скендерберг“ во Скопје

од Nikola Popovski
21 прегледи Фото: Фејсбук

Пратеникот од коалиција ВЛЕН, Аднан Азизи реагираше на протестите најавени за 13 декември како поддршка на екс-лидерите на поранешната ОВК, на кои им се суди во Судот во Хаг. Тој нагласи дека партијата ДУИ ја злоупотребува каузата на ОВК за политички причини.

„Оние кои денес се претставуваат како организатори се носители на политички субјект кој е на власт 22 години, период во кој имало измислени затворања и атентати на команданти. Во никој случај не учествувале во протестите што ги организиравме тогаш како граѓанско општество, а уште помалку сега, кога се банкротирана опозиција и не знаат како да создадат кауза. Сега се обидуваат да ја злоупотребат каузата и голема национална вредност за политичка добивка, со тоа што ќе се појават на чело на протестот“, објави Азизи.

Пратеникот тврди дека постојат сомневања за злоупотреба на собирот, сè додека семејството Јашари не е на чело на таков протест.

„Апсолутно поддржуваме секаков вид протест. Бевме против одлуката за формирање на Специјалниот суд и сме против осудата на војната на ОВК, праведната ослободителна војна и командантите кои беа нејзини организатори. Секој протест што се одржува во име на ОВК, за мене лично, стандардот на ОВК е семејството Јашари. Додека тие не се на чело на таков протест, секогаш имам свои дилеми, бидејќи зад овие организации често стојат скриени злоупотреби и обиди за експлоатација на национална вредност за ниски политички интереси. Особено она што се случува сега во Македонија, со ДУИ на чело“, заклучил Азизи, пренесуваат дел од медиумите во земјава на албански јазик.

Најавата за протестот во Скопје повторно ги отвори политичките тензии меѓу коалициските партнери, особено откако еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити јавно потврди дека ќе даде зелено светло за негово одржување.

Претходно, на брифинг за новинари, премиерот Христијан Мицкоски рече дека е погрешен потегот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој за в сабота во Скопје го најави протестот за поддршка на поранешните лидери на ОВК. Мицкоски смета дека Ахмети треба да ја преиспита таа одлука.

Слични содржини