Азизи: Прашањето за еден лидер на ВЛЕН ќе се реши полесно и подобро отколку што сакаат злонамерниците

Пратеникот Азизи оценува дека аналитичари сакаат да внесат раздор во коалицијата ВЛЕН

од Nikola Popovski
35 прегледи

Пратеникот Аднан Азизи им одговори на дел од јавноста кои бараат коалицијата ВЛЕН да избере еден лидер што е можно поскоро. Азизи преку објава на Фејсбук напиша дека ова прашање ќе се реши подобро и полесно отколку, како што вели, сакаат злонамерниците.

Тој исто така вели дека таквите аналитичари сакаат да внесат раздор во ВЛЕН.

„Ви благодарам на исцрпените аналитичари кои сакаат да внесат раздор и во ВЛЕН, но ова не ни поминува. Нивниот јазик на раздор е исто така многу плиток.“

„Ве уверувам дека во ВЛЕН дури и темата за лидерот ќе се реши полесно и подобро отколку што сакаат злонамерниците“, напиша Азизи.

Меѓу мене и Биљал Касами ќе се бира идниот лидер на ВЛЕН порача пред недела дена, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

„Тука некаде е. Тој е повеќе фактор во Тетово, јас во Скопје. Ова се два главни града каде се концентрирани Албанците и затоа работиме на креативни решенија. Има повеќе решенија низ партиите во Европа, разгледуваме модели од Германија“, додаде еден од неколку лидери на оваа владеачка коалиција.