Азов објави ВИДЕО: „Заедно да ја запреме војната, да се обединиме“

од Nikola Popovski

На Твитер профилот на украинската воена единица Азов, бранителите на Мариупол објавија видео во кое го повикуваат светот да и помогне на Украина во борбата против руската инвазија.

-Почнавме повеќе да ги цениме синото небо и жолтото сонце. Секој Украинец сега има повеќе лузни на срцето. Во рајот нè чекаат душите на измачените, мачениците и невините деца, жени и старци, рекол војникот и нагласил дека „сите се сменија и остареа во овие 47 дена војна“.

– Во сон ни доаѓаат душите на мртвите и ни шепотат: Бори се, синко, бори се татко, бори се драги, додал војникот кој го брани пристанишниот град Мариупол, кој е под долга опсада на руските војници.

Украинските сили наводно се подготвуваат за последната битка со Русите, кои веќе шест недели се обидуваат да го освојат градот. Според денешните извештаи, им недостига муниција, а Русите претходно денеска изјавија дека ја презеле контролата врз пристаништето, што подоцна беше демантирано од украинските сили.

– Продолжуваме да се бориме за Мариупол – истакна овој војник и извика: „Слушате ли, Украинци? Никогаш не заборавајте кои сте вие, кои се вашите предци, чија крв тече во вашите вени. Сега сите мора да бидеме обединети. Победете го злото што ги уништува сѐ, што светлината ја заменува со темнина. Ве повикувам на единство, на борба“.

Тој им се обратил на граѓаните на целиот свет и ги повикал „под украинските знамиња“ да ги повикаат своите политичари решително да ги ослободат Мариупол, Херсон, Изум и другите градови и „да ја прекинат оваа војна“.

– Направете го тоа за нашите мртви, живи и неродени. Ние веруваме во военото и политичкото раководство на Украина. Продолжуваме да се бориме за украинскиот Мариупол, изјавил војникот.

 

Слични содржини