Бајден не знаел дека во неговата куќа има доверливи документи, тврди Белата куќа

од Nikola Popovski
192 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден не знаел дека доверливите документи од неговите потпретседателски денови се наоѓаат во канцеларијата на неговиот поранешен институт во Вашингтон или во неговата куќа во Вилмингтон, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Бајден не знаел што има во тие доверливи документи, соопшти Белата куќа, откако Мерик Гарланд, државен обвинител на САД, го објави назначувањето на специјален обвинител кој ќе го истражи ракувањето на Бајден со доверливите владини документи, објави Ројтерс.

Гарланд најави дека истрагата ќе ја води Роберт Хур, поранешен обвинител во американската сојузна држава Мериленд, објави Гласот на Америка.

Претходно, претседателот Бајден потврди дека во неговиот дом во државата Делавер се пронајдени повеќе доверливи документи.

„Потрагата беше завршена синоќа.Мал број доверливи документи беа откриени во ормарите во мојата куќа, односно во библиотеката“, рече Бајден.

Беше соопштено дека документите се пронајдени во заклучена гаража во градот Вилмингтон, како и во соседната соба. Американскиот претседател посочи дека неговите правни застапници веднаш го известиле Секретаријатот за правда и дека целосно соработуваат со случајот.

Секретарот за правда се огласи неколку часа откако правниот советник на Белата куќа објави дека правниот тим на Бајден пронашол дополнителни доверливи документи од времето на актуелниот претседател како американски потпретседател.

Претходно, Белата куќа во понеделникот потврди дека првиот сет на документи е пронајден во ноември 2022 година во канцеларијата на центарот Пен Бајден во главниот град Вашингтон.

Слични содржини