Бајден ќе потпише извршна одлука за заштита на истополовите бракови на федерално ниво

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Во вторник, американскиот претседател Џо Бајден ќе го потпише законот за федерална заштита на истополовите бракови. По тој повод, неколку илјади гости ќе се соберат во Белата куќа за да ја прослават оваа пресвртница во американското законодавство, пренесува AFP.

Откако Врховниот суд, сега со многу поконзервативен состав, во јуни годинава го укина правото на абортус на федерално ниво, закон кој важеше околу педесет години, се приклучија претставници од левата и десната страна на спектарот заедно да спречат какви било последователни чекори за ограничување на правата на истополовите бракови, за кои некои стравуваат дека може да биде следната цел на конзервативните струи во САД.

Конечното усвојување на законот од Конгресот минатата недела означи ретко покажување на единство во длабоко поделениот Конгрес.

За да ја прослави одлуката, Бајден ќе собере група републикански и демократски пратеници во Белата куќа, заедно со адвокати и обвинители во случаите за еднаквост на бракови низ целата земја, изјави во понеделникот неговата портпаролка Карин Жан-Пјер.

Слични содржини