146
Американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека е изненаден од сознанието дека во неговата поранешна канцеларија во вашингтонската невладина организација „Пен Бајден Центар“ се пронајдени доверливи документи и нагласи дека тој и неговиот тим целосно соработуваат во расветлувањето на сите околности на случајот.
Во обраќањето пред новинарите, на заедничката конференција со лидерите на Мексико и Канада, Бајден вчера најави дека сериозно ги сфаќа доверливите документи и рече дека не знае што тие содржат.
„Целосно соработуваме во случајот, кој се надевам дека наскоро ќе биде завршен“, рече Бајден.