Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска му честиташе на Бенјамин Нетанјаху за враќањето на власт во Израел, соопшти Белата куќа.
Бајден го нарече Нетанјаху децениски пријател.
„САД ќе продолжат да го поддржуваат решението за двете држави (израелско-палестинскиот конфликт) и ќе се спротивстават на политиките што ја загрозуваат одржливоста или се спротивни на нашите заеднички интереси и вредности“, рече Бајден во изјавата на Белата куќа.
Нетанјаху, лидерот на конзервативната Ликуд, денеска се врати на власт во Израел по една и пол година пауза во опозицијата.
Ликуд на Нетанјаху, заедно со своите сојузници, партиите на ултраортодоксните Евреи и ултрадесничарите, победија на парламентарните избори на 1 ноември, а денеска тој ги претстави своите министри пред пратениците во израелскиот Парламент (Кнесет).