Бајден најави помош за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

од Stefanija Kuzmanovska
109 прегледи

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, ѝ нареди на Националната агенција за меѓународен развој (УСАИД) и другите партнери на федералната влада да ги проценат опциите за обезбедување помош за областите најтешко погодени од разорниот земјотрес во Турција и Сирија.

Ова го изјави советникот на Бајден за национална безбедност, Џејк Саливан, наведувајќи дека „САД се длабоко загрижени од извештаите за разорниот земјотрес“, пренесе „Ројтерс“.

Во разорниот земјотрес што рано утринава ја погоди пограничната област меѓу Турција и Сирија, повеќе од 230 луѓе загинаа во Сирија, а повеќе од 600 се повредени, изјави помошникот сириски министер за здравство, Ахмед Дамирие.

Тој на сириската државна телевизија изјави дека бројот на загинати се искачил на 237, а повредени се 639 лица, пренесува „Ројтерс“.

Претходно беше објавено дека 76 лица загинаа во Турција, каде што беше епицентарот на земјотресот. Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека најмалку 76 лица загинале во седум турски провинции, додека повеќе од 440 се повредени.

Слични содржини