Бајден: Путин се обидува да „дојде до здив“ со божиќното примирје

од Nikola Popovski
194 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин се обидува „да дојде до здив“ со воспоставувањето на 36-часовен прекин на огнот и божиќното примирје на фронтот, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден пред новинарите во Белата куќа, одговарајќи на прашање за предлогот на Москва за воспоставување примирје.

Кремљ претходно денеска објави дека Путин му наредил на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе дводневен прекин на огнот долж целата линија на фронтот со Украина за време на Бадник и Божик, почнувајќи напладне на 6 јануари и завршувајќи на 7 јануари, по апелот на патријархот Кирил од Руската православна црква, пренесе Ројтерс.

Советникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Михаил Подољак денеска најави дека до примирје ќе дојде само кога Русија ќе ги напушти териториите во Украина што ги окупирала.

-За разлика од Русија, Украина не напаѓа туѓа територија и не убива цивили. Украина на своја територија уништува само припадници на окупаторската армија, напиша Подољак на својот Твитер профил.

Слични содржини