Болките во ушите се вообичаени во студените месеци кога обично боледуваме и почесто. За нив скоро никогаш не располагаме со лесен лек, а слабоста се појавува секогаш во најнесоодветниот момент. При болка во ушите треба да се консултирате со лекар, за да се намали ризикот од компликации. Сепак, добро е да знаете неколку бабини богатства, кои можат да го намалат нерасположението.
Ѓумбир
Ѓумбиорот е природно смирувачки и има неверојатни антиинфламаторни својства, кои помагаат за запирање и олеснување на инфекцијата на ушите. Земете мало парче од коренот, излупете го и ставете го во уво (внимавајте да не навлезе длабоко во ушниот канал). По неколку минути болката и непријатноста ќе бидат значително олеснети.
Маслиново масло
Маслиновото масло е од оние масла, кои секогаш ги имаме во својата кујна. Освен за зачинување на јадењата и салатите, го користиме и за домашна нега за убавина. Добрата вест е дека може да ви помогне и за олеснување на инфекции на увото. На памук веќе натопете 2-3 капки маслиново масло или ставете од него во уво. Маслото не треба да биде ладно. Само по неколку минути ќе почувствувате олеснување.
Босилок
Босилокот е прекрасна билка со пријатен специфичен мирис. Дури и да не ви се допаѓа, знајте дека може да го користите при болки во ушите. Земете неколку свежи листови босилек и исцедете од нив сок. Ставете во болното уво 3 капки од него.
Нане или пеперминт
Масло од мента или свежи листови од нане, исто така може да ја ублажи болката во ушите .
Ако имате свежи листови, исцедете сок од нив и ставете три капки од него во ушите. Пеперминт маслото треба да се користи деликатно и само во мали количини (2-3 капки) на памук. Во спротивно може да ја интензивира болката.
Кромид
Секогаш е добро да имате во кујната од овој корисен зеленчук. За да ги ублажите болките во ушите, направете си сок од кромид и капнете по 2-3 капки во секое уво.
Кромидот има силни анти-бактериски и анти-воспалителни својства , кои се борат со инфекциите и ја намалуваат болката.
Билна инхалација
Вдишувањето на билна пареа може да помогне во олеснување на затнат нос, но и да се подобри циркулацијата на воздухот во ушниот канал. Во врела вода додадете неколку ливчиња камилица. Потоа извадете ги билките од топлина и покријте ја главата над садот со напивка со крпа. Вдишувајте полека и длабоко.