Бачовски: Исплатени 175 милиони денари за субвенции на 3310 градинари и 172 овоштари

од Nikola Popovski
388 прегледи

Денес се исплатени субвенциите за предаденото остварено производство на градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети. За 3.310 градинари кои го предале сопственото производство во преработувачки капацитети се исплатени 169 милиони денари, информира директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.

Според него, за производителите на зелка кои имаа произведена зелка од 05.04.2020 – 05.05.2020 се исплатени 30.4 милиони денари за 708 лица.

-Средства на сметките добија и овоштарите кои го предале сопственото производство во преработувачки капацитети. Исплатени се 6.7 милиони денари за 172 овоштари. Во текот на утрешниот ден ќе продолжат и исплатите за малите земјоделски стопанства (1.18) каде ќе бидат исплатени 656 субјекти. Исплатата на субвенциите се одвива континуирано и неселективно, стои во објавата на Бачовски.

Слични содржини