Бачварски – Сабев: Фокус на средбата ставивме на воспоставување на нова авио линија Скопје – Софија, како заеднички влог за зближување на двата народи
Денеска во Скопје се одржа средба помеѓу министерот за транспорт и комуникации Благој Бачварски и бугарскиот министер за транспорт и комуникации, Николај Сабев. На истата во прв план беше воспоставување на нова авио линија Скопје – Софија, изградба на пругата на Коридор 8, а најавено беше дека ќе се рабпти и на проекти за патната, железничката инфраструктура како и соработката во дел на товарниот транспорт.
“Прва средба со мојот колега од Бугарија, министерот за транспорт и комуникации, Николај Сабев.Фокус на средбата ставивме на воспоставување на нова авио линија Скопје – Софија, како заеднички влог за зближување на двата народи, развој на економијата, туризмот и културата. Разговаравме за изградба на пругата на Коридор 8 како еден од најкомплексните инфраструктурни проекти и граничниот тунел за железничкото поврзување. Како министерства во следниот период ќе работиме на проекти кои поврзуваат во патната, железничката инфраструктура како и на зголемување на соработката во дел на товарниот транспорт” – посочи Бачварски.