Бадриќ го одложи концертот во Белград: „Невозможно е да се одржи во таква атмосфера“

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Нина Бадриќ го одложи својот концерт во Белград, кој беше закажан за сабота, 12.04.2025 година, во белградска Арена. Датумот на новиот концерт е 17 мај 2025 година.

Не беше наведена точната причина за откажувањето.

Одлуката за одложување на концертот ја донеле заеднички организаторот и пејачката. Иако не беше наведена конкретната причина за одложувањето, беше потврдено дека концертот ќе се одржи на истото место.

„Одложен концертот на Нина Бадриќ во белградска Арена. Поради секому јасни причини, во ваква атмосфера е невозможно да се одржи концерт на високо професионално ниво, се одлучивме за нов датум“, пишува меѓу другото на нејзиниот Инстаграм.

Таа, исто така, им се заблагодари на сите за разбирањето.

Иако Нина и организаторите не ја прецизираа точната причина за откажувањето на концертот, може да се забележи дека концертот се одложува во време кога тројца хрватски државјани се протерани од Србија во последните три дена. Меѓу нив е и шефот на претставништвото на Хрватската стопанска комора, кој со години живее во Србија.

Слични содржини