222
Баер Леверкузен вчера приреди големо изненадување со победата на „Алијанц арена“ против големиот Баерн Минхен, во еден од најинтересните натпревари во фудбалското првенство на Германија.
Гостите славеа со 2:1, со двата гола на Леон Бејли. Голот за Баерн беше дело на Томас Милер, кој имаше долга серија од 1.356 минути без постигнат гол во Бундеслигата. После овој пораз, Баерн не успеа да се врати на првото место, туку врвот му го препушти на Лајпциг.
Баварците седум години не знаеја за пораз на свој терен во дуелите со „фармацевтите“, но на таа серија ѝ дојде крај, а Баер како ретко кога низ историјата, може да се пофали дека има две лигашки победи по ред во пресметките со Баерн.